Ahmet Gençtürk
16 Јули 2021•Ажурирај: 17 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа седум терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти турското Министерството за национална одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите се неутрализирани откако единиците за артилериска поддршка возвратија на пукањето врз турска база во рамките на подрачјето на операцијата „Штитот на Еуфрат“, се вели во соопштението на Министерството.
Оттаму се додава дека тројца од терористите се неутрализирани во подрачјето на Тел Рифат кои биле дел од главната база на терористичката организација на планината Ќандил во северен Ирак.
„Другите четворица терористи се неутрализирани во нападите врз нивните позиции во Шејк Иса и Ајн Дакна“, се додава во соопштението.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта нанад 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.