Handan Kazancı
09 Септември 2018•Ажурирај: 10 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Најмалку девет терористи на ПКК се неутрализирани во воздушни напади во југоисточна Турција и северен Ирак, соопшти турскиот Генералштаб денес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот Генералштаб соопшти дека операцијата е спроведена во руралното подрачје на турската југоисточна област Сирт, како и во северните ирачки региони Зап и Авашин-Басјан.
Во соопштението се наведува дека терористите планирале напади врз турските воени бази.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на 40.000 лица, меѓу кои и жени и деца.