Burak Bir
07 Јули 2019•Ажурирај: 08 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Во заедничка операција, единици на турската армија и разузнавањето минатата недела ја нападнаа базата на терористичката организација ПКК на планината Кандил во северен Ирак, неутрализирајќи нејзин клучен припадник, јавува Anadolu Agency (AA).
Дијар Гарип Мухамед, припадник на т.н. Претседателски и извршен совет на терористичката група, е неутрализиран во операцијата, изјавија извори кои сакаа да останат анонимни.
Турските власти често го користат терминот „неутрализиран“, што означува терористи кои се предале, кои се фатени или пак убиени.
Оваа операција претставува прва операција во која клучен терорист на организацијата ПКК е неутрализиран во базата на ПКК на планината Кандил.
Дијар Гарип Мухамед, под кодното име „Халмат Дијар“, ѝ се придружил на терористичката организација во 1992 година и бил еден од седумте члена на т.н. Претседателски совет.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која е вклучена на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речиси 40.000 лица, меѓу кои и многу жени и деца.