Yıldız Nevin Gündoğmuş
19 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили извршија воздушни операции во подрачјето на Хафтанин, во северниот дел на Ирак, при што неутрализираа тројца терористи на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, во рамки на операцијата „Канџа-3“, која успешно продолжува, извршени се воздушни операции во подрачјето на Хафтанин.
Во соопштението се нагласува дека во рамките на овие операции неутрализирани се уште тројца терористи на терористичката организација ПКК.