Fatih Hafız Mehmet
10 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
ШИРНАК (АА) - Најмалку четворица терористи се неутрализирани во синоќешната операција која Турските безбедносни сили ја извршија против терористичката организација ПКК на југоисточниот дел на оваа област, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на гувернерот на турската област Ширнак соопшти дека Турските безбедносни сили извршиле успешна операција и уништиле новооткриени засолништа на терористите на ПКК на планината Џуди.
За време на операцијата се неутрализирани четворица терористи и запленета е поголема количина оружје.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листа на терористички организации во Турција, САД и ЕУ. Покрај Турција, ПКК дејствува и на северниот дел на Ирак и Сирија, каде што дејствува огранокот на ПКК, ПЈД/ЈПГ.
Туските сили спроведуваат опсежна борба против терористите на ПКК во Турција и на северниот дел на Сирија и Ирак.