Sefa Şahin
18 Ноември 2020•Ажурирај: 19 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа шестмина терористи на северниот дел на Сирија, објави денес Министерството за одбрана на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за одбарана на Турција соопштија дека се неутрализирани шест терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обиделе да се инфилтрираат во оперативното подрачје на операцијата „Штитот на Еуфрат“, за да го нарушат мирот и безбедност на тој регион.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.