Mustafa Deveci
06 Август 2022•Ажурирај: 08 Август 2022
Министерството за надворешни работи на Туркије остро ги осуди воздушните напади на Израел во Појасот Газа и нагласи дека веднаш треба да се стави крај на овие настани пред да се претворат во спирала на судири, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турското МНР објави писмено соопштение во врска со воздушните напади што Израел ги изврши во Појасот Газа.
Во ова соопштение на турското Министерство за надворешни работи се наведува дека остро ги осудуваат воздушните напади.
„За нас не е прифатлива загубата на животите на цивилите во овие напади, вклучувајќи и деца. Длабоко сме загрижени од зголемените тензии во регионот по извршените напади. Треба да се стави крај на овие настани пред да се претворат во нова спирала на судири. Упатуваме апел за трезвеност и здрав разум“, се вели во соопштението.
Инаку, израелската Војска соопшти дека погодила позиции на движењето „Исламски џихад“ во Појасот Газа, кој е под блокада.
Во писменото соопштение на палестинското Министерство за здравство беше наведено дека во израелските напади во Газа загинале 10 Палестинци, меѓу кои и 5-годишно девојче, додека 55 лица се повредени.