Canberk Yüksel
29 Јули 2016•Ажурирај: 30 Јули 2016
ЊУЈОРК (АА) – Турците кои живеат во САД се собраа во Њујорк во знак на протест против Фетулах Ѓулен, лидерот на терористичката организација ФЕТО, по неодамнешниот обид за државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Држејќи ги црвено-белите турски знамиња во своите раце и транспарентите „Ѓулен е опасност за САД“, „Ѓулен ги користи САД како политички штит и безбедно засолниште“, „Ѓулен е најбараниот турски терорист“, демонстрантите на минувачите им делеле примероци од портфолиото на Ѓулер.
По обидот за државен удар на 15. јули, Владата на Турција објави дека тој е дело на терористичка организација ФЕТО, предводена од Ѓулер. Во неуспешниот обид за државен удар во Турција, животот го загубија 246 лица, а повеќе од 2.100 беа ранети. Во оваа земја, подигната е истрага со која ќе се отстранат ќелиите на ФЕТО инфилтрирани во државните институции, вклучувајќи ја војската и судството.
Турско-американското културно друштво (TACS), невладина организација со седиште во Њу Џерси го организираше овој протест во близина на Петтата авенија, близу институција поврзана со Ѓулен. Неџати Озер, претседателот на Турско-американското културно друштво рече дека терористичкиот лидер Ѓулен и неговите следбеници имаат големо влијание во САД, но дека американските граѓани од турско потекло решително се борат против неговата организација.
„Како патриотски синови на благородната турска нација во САД, застанавме покрај турската држава, избраниот претседател и 13-14 дена без сон, држиме демократска стража, како мала поддршка за народот во Турција. За таа цел, денеска го организиравме и овој протест“, рече Озер.
„Како што Америка води војни во целиот свет во име на борбата против тероризмот, така и ние од американската администрација бараме да го испорачаат Ѓулен, шефот на организацијата којашто ја формираше терористичката група во рамките на нашиот народ, чија цел беа граѓаните. Го бомбардираа Парламентот и пукаа на цивили од хеликоптер“, рече Озер за АА.
Американскиот граѓанин со македонско потекло, учителот Никола Попоски, го покажал својот интерес додека минувал покрај демонстрантите. Попоски рекол дека ги поддржува напорите на турската Влада да се ослободат од предавниците, а претседателот на Турција Ердоган го опишал како одличен лидер.
Попоски смета дека уличните протести во Турција биле вистински удар на обидот за државен удар. „Тоа беше вистинската реакција на народот којашто требаше да се случи. Тоа е демократија. Народот владее со земјата“, рече Попоски.