Mehmet Yavaş
25 Август 2017•Ажурирај: 26 Август 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во градот Aјваџик, во турската област Чанаккале, фатени се 16 странски државјани кои илегално се обидеоа да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде репортерот на АА, екипите на турската жандармерија изведоа акција во местото Бехрамкале, во близина на Aјваџик, и фатија најмалку 16 лица, односно мигранти по потекло од Сирија.
Мигрантите се префрлени во локалниот Центар за враќање на странци.
Егејското и Средоземното Море се дел од патот на мигрантите во потрага по подобар живот. Сепак, нивниот пат на надежта честопати завршува со фатален исход.
Во две несреќи во Средоземното Море, помеѓу брегот на Либија и на Италија, кои се случија кон крајот на декември минатата година, загинаа околу 100 мигранти. Со тоа, бројот на жртвите во Средоземното Море во 2016 година надмина 5.000.
Претходно, претставниците на Обединетите нации (ОН) ја прогласија 2016 година за најсмртоносна за мигрантите и потсетија дека во 2015 година, во Средоземното Море настрадаа 3.771 мигрант.