Sertaç Bulur
28 Јуни 2021•Ажурирај: 29 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Полицијата во главниот турски град Анкара изврши антитерористички операции во кои приведе 26 лица поради сомнение дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Безбедносни извори соопштија дека разузнавачките тимови на полицијата во Анкара откриле дека 30 осомничени, меѓу кои 28 државјани на Ирак и двајца Сиријци, се во контакт со припадниците на терористичката организација ДЕАШ во зоните на судири.
Вкупно 26 осомничени лица се приведени во акциите кои истовремено се извршени на различни локации.
Во тек е потрагата по останатите четири осомничени лица, додека приведените се упатени во обласната миграциска канцеларија за процесуирање и депортација.
Во 2013 година Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш земјата повеќепати беше цел на напади на терористичката организација, во кои животот го изгубија над 300 лица, а стотици беа повредени и тоа во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, седум бомбашки напади и четири вооружени напади.