Nazlı Yüzbaşıoğlu
22 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Турција го осуди тестирањето на балистички проектил, изведено на 21 мај од страна на Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција се вели дека остро се осудува тестирањето на балистички проектил, изведено вчера од страна на Северна Кореја, што преставува јасно прекршување на одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).
„Лансирањето балистички проектил по вторпат, во интервал од една недела од страна на Северна Кореја, негирајќи ги апелите и можностите за дијалог на меѓународната заедница, е загрижувачки и ја загрозува безбедноста на регионот. Повторно апелираме до Северна Кореја да стави крај на провокативните ставови коишто ја нарушуваат мирната и безбедна средина во регионот“, се вели во соопштението.