Muhammed Nuri Erdoğan
11 Септември 2021•Ажурирај: 13 Септември 2021
АНКАРА
Едно лице загина, а 20 лица се повредени од пожарот што избувна во патничкиот автобус во Анкара, известува Агенција Анадолија (АА).
Патничкиот автобус што ја обраќал на релацијата Бодрум-Анкара, излезегол од контрола во населбата Чанкаја во Анкара и удрил во столб за осветлување. По силниот удар во столбот, автобусот продолжил да се движи, по што се запалил.
За кратко време пламенот се проширил, а интервенцијата со противпожарни апарати не била доволна да се згасне пожарот.

Откако го забележале автобусот кој бил во пламен, во помош притрчале војниците од воениот објект што се наоѓал во близина за да им помогнат на луѓето да го напуштат запалениот автобусот.
По упатеното известување, на местото на несреќата пристигнале голем број противпожарни и полициски екипи и возила на Итната помош.
Пожарникарите за кратко време успеале да го згаснат пожарот.
Според првичните проценки, во пожарот што го зафати автобусот се наоѓале 22 лица, од кои едно лице го загуби животот, а 20 се повредени. Петмина од повредените биле третирани на лице место од екипите на итната помош, а 15 од нив со амбулантни возила биле пренесени во околните болници.
Полицијата го привела возачот на автобусот.