Sezgin Pancar
29 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
МЕРСИН (АА) - Само два дена по постигнувањето на договорот помеѓу Турција и Израел за нормализирање на односите, денес на меѓународното пристаниште во турскиот град Мерсин почна товарењето на хуманитарната помош наменета за Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Брод со име „Лејди Лејла”, кој е во сопственост на една приватна компанија со ознаки на Панама, утрово вплови во меѓународното пристаниште во Мерсин, а пристигна од египетското пристаниште во Александрија.
Во тек е товарење на околу 11 тони хуманитарна помош, која претходно е собрана во организација на турските хуманиарни организации АФАД и Кизилај.
Хуманитарната помош за жителите на Газа содржи основни прехранбени производи, како што се брашно, ориз, масло, а подготвени се исто така и бајрамски пакетчиња за палестинските дечиња.
Се очекува бродот со хуманитарна помош во петок да тргне кон израелскиот град Ашдод.