Muhammet Emin Horuz
01 Април 2020•Ажурирај: 02 Април 2020
АНКАРА (АА) - Минатата година во Турција се објавени 61.512 книги, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот Институт за статистика ги објави податоците во врска со меѓународниот стандарден број на книги (ISBN) што се издадени минатата година.
Според тоа, објавените материјали во 2019 година, во споредба со претходната се зголемени за 2,1 %, достигнувајќи бројка од 68.554, а објавени се 61.512 книги.
Издавачите минатата година издале 61.512 книги, 415 електронски книги (на ДВД, ВЦД, ЦД), 6.072 веб базирани електронски книги, 186 аудиокниги (касети, ЦД, ДВД) и 369 изданија, со што преземени се вкупно 68.554 ISBN-броеви.
Изданијата според темите објавени во 2019 година се делат на: 28,3 % образовни, 18,2 % литература за возрасни, 16,7 % академски, 16,3 % култура за возрасни, 15,1 % за деца и младинци и 5,4 % со тематика за верувањата.
Од објавениот материјал, 90 % се на турски јазик, 6,6 % на англиски, додека 3,4 % на останатите светски јазици.
Бројот на продадени евидентирани книги минатата година забележа раст од 3,2 %, достигнувајќи бројка од 423.602.828 примероци.