Fatih Hafız Mehmet
04 Септември 2018•Ажурирај: 05 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Обвинителството во Анкара денес издаде налози за апсење на 25 припадници на Главната команда на жандармеријата, јавува Anadolu Agency (AA).
Војниците, сите во служба како поручници, се сомничат за комуницирање со „тајните имами“ на терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за воен удар во Турција.
По осомничените полицијата трагаше во 16 области низ Турција. Досега, во операциите се уапсени 23 од осомничените.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад обидот за пуч изведен на 15 јули 2016 година во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на власта преку инфилтрација во турските институции, особено во Армијата, полицијата и судството.