Yalçın Çelen
31 Мај 2018•Ажурирај: 01 Јуни 2018
БАРТИН (АА) - ЈАЛЧИН ЧЕЛЕН - Необичните пријателства во животинскиот свет се доказ дека е можен соживот на суштества кои на прв поглед значително се разликуваат. Еден од таквите примери се патката Вики и песот Чарли од местото Арион, во турската област Бартин, јавува Anadolu Agency (AA).
Али Акташ е лице кое се грижи за голем број животни, но љубовта меѓу патката и песот го воодушевува не само локалното население, туку и голем број минувачи кои ќе го забележат тоа.
Акташ изјави дека минатата година од пријатели ги купил Чарли и Вики, кои со време се навикнале еден на друг.
„Патката и песот беа на едно место. Со време се навикнаа еден на друг. Еден ден видов како Чарли се оттргна од ланецот и влегол во живинарникот и си игра со Вики“, рече Акташ.
Тој додаде дека со време се развило пријателство меѓу нив и истакна дека каде и да оди Чарли во текот на денот, Вики го следи.
Акташ посочи дека во време кога луѓето меѓусебно тешко се разбираат, од пријателството меѓу песот и патката треба да се извлече поука.
„Во денешно време има нешта околу кои луѓето не се сложуваат, но пријателството на Чарли и Вики би требало да биде пример за останатите. И покрај тоа што им припаѓаат на различни видови, многу добро се сложуваат“, порача нивниот сопственик Али Акташ.