Dilara Hamit
07 Ноември 2019•Ажурирај: 08 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за внатрешни работи денеска на Твитер објави дека жандармериската команда во источната турска област Агри неутрализирала 8 терористи, пренесува Аnadolu Agency (AA).
Терористите беа фатени, а запленето е и нивното оружје во операцијата поддржана од воздух, во рамките на безбедносните операции во земјата.
Од Министерството соопштија дека операциите во регионот ќе продолжат.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.