Aykut Karadağ
15 Февруари 2021•Ажурирај: 16 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Во Турција од слобода лишени се три лица со потекло од Нов Зеланд, меѓу кои е и барана терористка на ДЕАШ, соопшти Министерството за одбрана на Република Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лицата лишени од слобода се обиделе од Сирија по илегален пат да влезат во Турција.
„Припадниците на граничната служба во дистриктот Рејханли, во областа Хатај, од слобода лишија три лица, државјани на Нов Зеланд, во обид илегално да влезат во нашата земја од Сирија. Меѓу нив е и 26-годишната терористка на ДЕАШ С.А., за која е распишана сина потерница“, се наведува во соопштението на турското Министерство објавено на социјалната мрежа.