Sena Güler
15 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
БАЛИКЕСИР/АРТВИН/ЕДРЕНЕ (АА) - Најмалку 27 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО се приведени денес во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Обвинителите издадоа налози за приведување на 36 осомничени лица, 24 од нив на должност, тројца во пензија и девет отпуштени војници во северозападната област Баликесир, како дел од истрагата покрената поради инфилтрација на терористичката организација во војската“, соопшти извор, кој зборуваше под услов на анонимност.
Изворот додава дека осомничените биле во контакт со припадници на ФЕТО преку телефонски говорници.
Во тек се операции покренати истовремено во 32 области, со цел фаќање на останатите осомничени припадници.
Во северозападната турска област Едрене, која граничи со Грција, полицијата приведе три осомничени лица, во обид илегално да преминат во Грција.
Полицијата откри дека осомничените, кои беа идентификувани со иницијали Н.Б., О.А., и Е.Г., кои имале правни поднесоци за членување во вооружена терористичка група.
- Затворен брачен пар фатен во близина на границата -
Во меѓувреме, брачен пар поради поврзаност со ФЕТО беше приведен додека се обидувале да побегнат преку граничниот премин Сарп во североисточната област Артвин, изјави безбедносен извор.
Дејствувајќи по дојава, локалните полициски екипи го фатиле парот, на кој веќе им е изречена казна затвор затоа што биле членови на ФЕТО и ја користеле шифрираната апликација за пораки на терористичката организациј „БајЛок“, додека тие се криеле во приколката на камионот за да влезат во Грузија.
Осомничените, идентификувани со иницијалите М.К.К. - отпуштени од својата позиција на Универзитетот Хитит - и С.Р.К., беа испратени во затвор по постапките во безбедносната дирекција, додава изворот.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач кој живее во САД, Фетула Ѓулен, го организираа неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а беа повредени 2.734 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на свои приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.