Handan Kazancı
09 Октомври 2020•Ажурирај: 09 Октомври 2020
САКАРЈА/САМСУН (АА) - Вкупно три лица, вклучувајќи поранешен полициски началник, се притворени поради наводи за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот суд во северозападната област Сакарја приведе двајца осомничени за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО.
Во меѓувреме, во црноморската област Самсун полицијата приведе поранешен полициски началник кој веќе е осуден за членување во ФЕТО.
Идентификуван само со иницијали С. Б., на поранешниот полициски службеник му е одредена мерка бидејќи претходно е осуден дека е член на вооружена терористичка група.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, со седиште во САД, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а повредени беа речиси 2.200 лица.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државнот поредок преку инфилтрирање на нејзини поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.