?????
16 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
АНКАРА (АА) – Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, го одобри развојот на домашниот систем за ракети со голем дострел, откако е стопиран заедничкиот проект на Турција и Кина, кој предвидуваше конструирање на проектили со долг домет, соопшти туската влада, јавува Anadolu Agency (AA).
На тој начин Турција ќе работи на сопствен систем за производство на проектили со голем дострел.
Преговорите за овој проект помеѓу Турција и Кина траеа скоро две години, а причината за откажување на заедничкиот проект беше напредокот на Турција во реализација на проектот за развој на сопствен ракетен систем.