Sidar Can Eren
20 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
ТУНЏЕЛИ (АА) - Местото Оваџик во турската област Тунџели е место каде што голем број пеперутки со своите разнобојност и неопислив шарм, летајќи од цвет на цвет, ја покажуваат својата убавина, пишува Anadolu Agency (AA).
Благодарение на разновидните растенија и ендемските видови што ги поседува, областа Тунџели поседува побогата флора од голем број држави во Европа. Во подрачјето на Тунџели се забележани 1.600 различни видови растенија, од кои 18% се од ендемски вид.

Подрачјето на Тунџели, во кое се регистрирани и 152 вида пеперутки, со почетокот на летото, поточно во јуни, е уште поубаво место поради пеперутките кои долетуваат на цвеќињата покрај брегот на водените површини и на ливадите.
Меѓу пеперутките кои се групирани според дезенот и боите на крилјата, во преден план се истакнуваат обичната сина (Polyommatus icarus - небесносините пеперутки со повеќе очи), обичната нимфа (Coenonympha pamphilus), дворедната седефка (Brenthis hecate), црноокиот шаренец (Melitaea cinxia), глоговецеот (Aporia crataegi), тенкорабестата ливадарка (Thymelicus sylvestris) и ѓаволската пеперутка (Vanessa cardui).

Пеперутките кои летаат на подрачјето богато со цветови, како што се дрворедите, грмушките, шумите и планинските падини, предизвикуваат воодушевување кај посетителите кои се обидуваат да направат макрофотографии.