Burak Bir
16 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
АНКАРА
Турција денес ја одбележува 75 годишнина од основањето на Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на ОН (УНЕСКО), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Забележуваме дека Организацијата [УНЕСКО] е решена да работи за мир во светот и одржлив развој преку образование, наука и култура”, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
Потсетувајќи дека Турција е една од 20-те држави основачи, Министерството соопшти дека Турција му честита на семејството на УНЕСКО и ја потврди посветеноста на земјата кон идеалите и целите на УНЕСКО.
„Системот на Обединетите нации е еден од основните столбови на поредокот по Втората светска војна“, се вели во соопштението.
„Оваа година, Претседателството на 75-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации го презема амбасадорот Волкан Бозкир, а Претседателството на 40-тата генерална конференција на УНЕСКО го презема амбасадорот Алтај Џенгизер" истакна Министерството.
Министерството истакна дека Турција, која е исто така член на Извршниот одбор на УНЕСКО, работи на обезбедување мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ги сите напори за справување со глобалните предизвици, како и промовирање на обидите за елиминирање на диспаритетите, како дел од нејзината хуманитарна надворешна политика.
Со седиште во Париз, агенцијата на ОН е основана во 1945 година во Лондон по Втората светска војна.