Emin Avundukluoğlu
28 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
АНКАРА (АА) - Безбедносните сили на Турција во неколку провинции уапсија 12 лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со терористичкиот напад кој вчера беше извршен во Бурса, јавува Anadolu Agency (AA).
Во експлозијата во историскиот дел на градот Бурса, загина едно а ранети се 13 лица. До експлозијата дошло во близина на влезот на историската Капаличаршија, која се наоѓа во близина на џамијата Улу.
Министерот за здравство во Турција, Мехмет Муезиноглу, изјави дека терористичкиот напад во Бурса бил извршен од страна на 25-годишна жена самоубиец.
„Нападот го изврши терористка, 25-годишна жена, која притоа се разнесе. Министерството за внатрешни работи спроведува истрага за идентитетот на лицето", изјави Муезиноглу вчера вечерта.