Veysel Kara
22 Август 2018•Ажурирај: 23 Август 2018
ЃУМУШХАНЕ (AA) - Во утринската операција на турските безбедносни сили во градот Ѓумушхане, на северот на Турција, во која се убиени двајца припадници на терористичката организација ПКК, е неутрализиран терористот Бариш Онер, кој се наоѓал на „црвената листа“ на најбараните терористи во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација на новинарот на АА ја потврди гувернерот на градот Ѓумушхане, Окај Мемиш.
„Нашите безбедносни сили неутрализираа двајца терористи на ПКК, на локацијата Јешилќој. Еден од неутрализираните терористи е Бариш Онер, кој е меѓу водечките имиња на терористичката организација. По потекло е од турскиот град Артвин и го носел кодното име Турк Тарик. За другиот неутрализиран терорист е утврено дека се работи за ирански државјанин со кодно име Сарај“, рече Мемиш.
Бариш Онер се наоѓал на „црвената листа“ на најбараните терористи во Турција.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), а во јули 2015 година ја продолжи својата вооружена кампања против Турција.