Abdullah Doğan
06 Март 2018•Ажурирај: 07 Март 2018
КОЊА (AA) - Во Коња, хуманоидните роботи произведени во фабриката „АкинРоботикс“ („AkınRobotics“), основана од софтверската компанија „Акинсофт“(„Akınsoft“), учествуваа на проектот на Подсекретаријатот за одбранбена индустрија на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на управниот одбор на „Акинсофт“, Озѓур Акин, на прес-конференцијата одржана во фабриката рече дека произведуваат висока технологија од софтверскиот сектор.

На полето на вештачка интелигенција, механика и електроника, 9 години вршат активности во секторот за истражување и развој. Тие ја основаа првата фабрика во Турција за хуманоидни роботи „АкинРоботикс“, која сега премина на сериско производство.
Акин истакна дека роботите почнале да се користат во сите области на животот и дека националната волја ќе ја обликува употребата на нивната технологија во цивилниот и воениот сектор.
- Производството на „АкинРоботикс“ е целосно локално -
За повикот за учество во проектот „робот војник“ на Потсекретаријатот за одбранбена индустрија, Акин рече: „Со нашето знаење и искуство, ние сме подготвени за оваа мисија. Производството на „АкинРоботикс“ е целосно локално. Моторите и софтверите се национални. Досега произведовме околу 30 прототипи. Нашите главни производи се серијата „Акинџи“, хуманоидни роботи со 5 сетила кои можат да одат и да се движат, и серија Ада што се користи во услужниот сектор. Подготвени сме за секоја мисија. Можам да кажам дека за кратко време ќе можеме да им служиме на сите видови проекти на Потсекретаријатот за одбранбена индустрија.“
Акин ја истакна важноста на условите на теренот во користењето на војниците-роботи и изјави дека тие произведуваат роботи што можат да работат под тие услови.
- „По развивањето, роботите можат да користат и оружје“ -
„Овие роботи имаат четири нозе, и се погодни за земјишни услови. Можат да се користат и за транспортни цели. Поставувајќи сензори на различни места, тие можат да извршуваат најразлични задачи, како што е скенирање, набљудување, одредување цели. Со одлука на нашите воени и национални власти, со тек на времето, можат да се искористат за овие цели. Ние произведуваме наука за мир, но зависно од ситуацијата во која се наоѓаме, со одлука на националната волја, нашата висока технологија ќе може да се искористи во секакви ситуации. Во таа насока, со развивање на нашите роботи, тие ќе можат да користат и оружје. Можам да кажам дека имаме таква моќ и технолошки сме подготвени сме за тоа“, пренесе Акин.