Ципрас во посета на Истанбулската патријаршија за прв пат како Премиер
- Грчкиот премиер има закажана средба со турски функционери денес за да разговараат околу бегалската криза
Ismail Ozdemir, Yunuz Ege
18 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
ИстанбулИСТАНБУЛ (АА) – Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, денес е во посета на Истанбулската грчка православна патријаршија за прв пат како Премиер, јавува Anadolu Agency (AA).
41-годишниот лидер се сретна со патријархот Бартоломеј I, водачот на голем број православни христијани во светот, во административната зграда на Патријаршијата во историската населба Фенер во Истанбул. Во изјавата за новинарите по едночасовната средба, Бартоломеј рече дека се разговарало за бегалската криза, како и за односите со Грција и меѓурелигискиот дијалог.
„Ципрас нè посети три пати. Исто така, се состанавме и во Атина. Ние се познаваме многу добро. Му посакувам успех во неговата тешка задача“, рече тој.
Ципрас е во Турција во дводневна посета на разговори, помеѓу другото, и за актуелната криза со бегалците. Повеќе од 150.000 луѓе преминале од Турција во Грција минатиот месец, во споредба со над 8.500 луѓе во октомври 2014 година, според податоците на граничната агенција на ЕУ, Фронтекс.
Лидерите на ЕУ се согласија да разговараат околу договорот за помош од 3 милијарди евра на Турција за поддршка на бегалците и помош за запирање на бранот луѓе кои бегаат од сирискиот конфликт.
Турската влада, според официјалните податоци, досега потрошила 8 милијарди долари за сместување на околу 2,5 милиони бегалци кои ги прими во земјата.
Ципрас пристигна во Истанбул во вторникот вечерта каде, заедно со турскиот Премиер, Ахмет Давутоглу, го следеше пријателскиот натпревар меѓу Турција и Грција во Истанбул, што резултираше со реми без голови.
Ципрас, се очекува да се сретне со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, како и со други лидери на политички партии во Турција.