Seyit Şamil Kurt
23 Јуни 2026•Ажурирано: 23 Јуни 2026
Шефот на турската Национална разузнавачка служба (МИТ), Ибрахим Калин, се сретна со Садам Хафтар, заменик-командант на силите со седиште во Источна Либија, во источниот либиски град Бенгази, соопштија денес безбедносни извори, јавува Анадолу
Калин разговараше со Хафтар за зачувување на мирот во Либија.
На средбата стана збор и за напорите за обединување на поделените администрации и воени сили меѓу источниот и западниот дел на земјата под една единствена власт.
Исто така, беа разгледани и односите меѓу Турција и Либија, заедно со чекорите за проширување на соработката во различни области и зајакнување на партнерството меѓу двете страни.