Mümin Altaş
25 Јануари 2017•Ажурирај: 26 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим денес во Анкара изјави дека влијанието на Турција во регионот расте, како и нејзината улога во решавањето на кризите во Сирија и во Ирак, за што смета дека е резултат на силата на народот, државата и на претседателот, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Јилдирим имаше обраќање пред учесниците на состанокот на лидери на регионални канцеларии од турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија), во кое говореше за актуелните прашања во Турција и во регионот.
„Ние разговаравме со Ирак, првенствено за прашањата поврзани со Башика, Мосул, Синџар и борбата против терористите на ПКК. Влијанието на Турција во регионот е сè поголемо. И оние кои пред една година не сметаа на Турција во решавањето на сириската криза, денес постапуваат онака како што ќе каже Турција. Ете, тоа е силата на нашата држава. Тоа произлегува од силата на нашата држава, на народот и од способноста на нашиот претседател“, рече претседателот на партијата АК и шефот на турската влада Бинали Јилдирим.
Осврнувајќи се и на пакетот уставни промени во земјата, истакна дека уставните промени ги зголемуваат овластувањата на Големото народно собрание на Република Турција.
„Парламентот ќе биде во можност да истражува, да создава и да усвојува законски предлози, да го надзира работењето на претседателот. Парламентот ќе има право министрите да ги повика на одговорност. Силата на Парламентот се зголемува“, рече Јилдирим, коментирајќи ги наводите дека пакетот уставни измени може да доведат до слабеење на овластувањата на парламентот.
Јилдирим, исто така, рече дека сегашните уставни промени се всушност имплементација на референдумот од 2007 година, кога граѓаните на Турција одлучија дека претседателот на оваа земја треба да го бира народот.
„Значи станува збор за довршувањето на оние нешта кои останаа недовршени. Некои станаа, реагираат и велат 'се менува режимот, ни заминува Турција', но всушност си одат тие самите. Турција не оди никаде, туку со сигурни чекори се движи кон нивото на современата цивилизација. Никој нема право да го попречи патот на Турција поради своите желби“, истакна турскиот премиер Јилдирим.