Cemal Coşkun
01 Септември 2017•Ажурирај: 02 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Турција Бинали Јилдирим денеска во Истанбул изјави дека над муслиманите во Аракан се спроведува геноцид, јавува Anadolu Agency (AA).
„Историјата бележи дека ѕверствата кои последните денови се случуваат во Аракан се злосторство против човечноста. Јасно е дека убивањето на луѓе без можност да се бранат, само затоа што се муслимани е геноцид. Се надеваме дека повикот на лидерите на муслиманските земји на решавање на кризата во Мјанмар, кои ги упати нашиот претседател (Реџеп Таип Ердоган) ќе вродат со плод", рече Јилдирим.