Yunus Okur
10 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
ЕРЗУРУМ (АА) - Јунус Окур - Од јули минатата година до денес, припадниците на терористичката организација ПКК извршија различни напади низ Турција во коишто загинаа 314 цивили и 793 припаднции на безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористите не ги бираа целите, па меѓу жртвите има и деца. Најголема штета од овие предавнички напади претрпеа граѓаните на источните и југоисточните подрачја на Турција, а илјадници семејства од источна и југоисточна Анадолија беа присилени да ги напуштат своите домови.
Терористите на ПКК поставуваа експлозивни уреди во куќите, џамиите, училиштата, на улиците, во центрите на градовите, и притоа загинаа голем број цивили.
Според истражувањата на новинар на АА, од 20 јули минатата година до 9 ноември оваа година, значи, за 478 дена, во нападите од припадниците на терористичката организација ПКК загинаа 793 припадници на безбедносните сили и 314 цивили.
Ранети се повеќе од 4.000 припадници на безбедносните сили и 2.000 граѓани. За време на антитерористичките операции, запленети се 5.500 оружја, 652.000 парчиња муниција, повеќе од 142 тона експлозив и околу 15.000 бомби.
Поради нападите, но и другите терористички активности на припадниците на терористичката организација ПКК, стотици семејства од источниот и југоисточниот дел на Турција мораа да ги напуштат своите домови.
За време на антитерористичките акции во споменатите подрачја, народот не застана до терористичката организација, па затоа стана нивна цел. Покрај нападите на припадниците на безбедносните сили, терористите на ПКК извршија напади на цивилите – млади, стари, деца...
Да се потсетиме дека во текот на првиот ден на Курбан Бајрам, во Ван беше извршен бомбашки напад врз полициска станица, кога загинаа 54 лица – 50 цивили и четворица полицајци.
Припадниците на безбедносните сили веќе подолг временски период спроведуваат антитерористички операции, како во Турција така и надвор нејзините граници. До денес се извршени 478 успешни операции.
Според податоците на Генералштабот на Турција, во овие воздушни и копнени операции, во Турција и надвор од неа, неутрализирани се повеќе од 10.000 терористи.