Nazlı Yüzbaşıoğlu,Sultan Çoğalan
10 Ноември 2016•Ажурирај: 11 Ноември 2016
АНКАРА (AA) – По неуспешниот обид за воен удар во Турција, турската дипломатија покрена активности со цел запознавање на светската јавност со заканата од терористичката организација Фетулачи/Паралелна државна структура (ФЕТО), јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на директните средби или телефонските разговори за заканата од ФЕТО разговараше со повеќе од 120 колеги од сите делови од светот. Чавушоглу и другите ресорни функционери на Турција во различни светски медиумски куќи исто така дадоа бројни интервјуа во кои зборуваа за вистинското лице на предавничката и терористичката мрежа која ја води Фетула Ѓулен.
Како што дознава АА, од неуспешниот обид за воен удар во Турција до сега турската влада прими поруки на поддршка од вкупно 111 држави и шест меѓународни организации.
Паралелно со разбивањето на терористичката мрежа и кеќиите на ФЕТО во Турција, се води борба против структурата на таа организација на глобален план.
Министерството за надворешни работи предупредува дека ФЕТО како терористичка организација за новите генерации претставува закана во сите земји во кои делува, а не само во Турција.
Борбата против ФЕТО на глобален план се гледа во активностите за затворање или преземање на контролата над нејзините структури во облиците на образовните установи, здруженијата и фондациите, откривањето на сите субјекти поврзани со таа организација, но се работи и на стеснување на просторот за маневри и бегство на лицата кои турските органи ги процесуираат поради поврзаноста со таа терористичка организација
Во тек се и иницијативи на глобалниот план на структурите на ФЕТО да им се забрани употреба на знамето, симболите и имињата на Турција.
Борбата против ФЕТО Министерството за надворешни работи ја води на три полиња.
Ресорниот министер Чавушоглу во првиот ред ги користи сите билатерални и мултилатерални средби да се укаже на заканите кои претставува ФЕТО како терористичка организација за новите генерации. Тој директно за терористичките активности на ФЕТО разговараше со повеќе од 120 дипломати.
И другите претставништва на Турција во светот до сега одржаа околу 8.400 состаноци на кои е разговарано за заканите од ФЕТО. Меѓу тие средби, 64 се на ниво на претседатели, 88 на ниво на премиери, 597 на ниво на министри и 1.444 состаноци на ниво на парламентарни пратеници.
Со цел запознавање на светската јавност за терористичката закана од ФЕТО, до сега турските ресорни функционери на странските медиуми им дадоа 2.270 интервјуа, организирани се 236 конференции за медиумите и објавени се 448 колумни и отворени писма.
Со Иницијативата на турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу на министерската конференција одржана на 19 октомври во Узбекистан на Организацијата за исламска соработка (ОИС) ФЕТО е прогласена за терористичка организација. Така таа организација е прогласена како закана во сите членки на ОИС а тие членки најавија соработка со Турција во борбата против ФЕТО.
Советот за соработка на Заливските земји е уште една меѓународна организација која силно ја поддржа Турција во борбата против ФЕТО. И на министерскиот состанок на Советот одржн на 13 октомви во Ријад е објавена заедничката изјава на членките на таа организација во која ФЕТО се нарекува терористичка организација и се истакнува решителноста во борба против тероризмот.
Со цел запознавање на јавноста со заканите од ФЕТО турското Министерство за надворешни работи во три наврати во Анкара организираше средби со шефовите на странските дипломатски претставништва.
Второто поле за борба против глобалната терористичка организација ФЕТО е настојување да се затворат или да се презеде контролата над структурите поврзани со таа организација.
До сега во различни делови на светот затворено е или под контрола се ставени вкупо 79 правни субјекти поврзани со ФЕТО, а станува збор за седум здруженија и 72 образовни институции.
Во тој контекст образовните институции се затворени или ставени под контрола во Сомалија, Либија, Јордан, Гвинеа, Ангола, Казахстан и Таџикистан. Полицијата во Ангола на 7 октомври изврши претрес и ги приведе раководителитена Колеџот на меѓународна надеж кој е дел од мрежата на ФЕТО. Школата е затворена, но дозволено е наставата да се одвива до крајот на учебната година за да учениците не би биле оштетени во тој процес.
Во разговор со турскиот колега Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Гвинеа, Хаџа Макале рече дека таа земја сака на Турција да и ја предаде контролата над образовните институции кои се поврзани со ФЕТО. Турската фондација Марииф брзо потоа го презеде управувањето на пет такви институции во Гвинеа. Две од тие институции го добија името на подофицирот Омер Халисдемир кој загина како еден од хероите на отпорот во обидот за јулскиот пуч во Турција.
И властите во САД, односно регионалната Управа за образование во Лос Анџелес на 18 октомври донесе одлука за затворање на три училишта кои под називот „Mgnolia Public Schools" беа поврзани со ФЕТО. Одулата е донесена откако инспекциите утврдија нерегуларности во финансиското и кадровското работење на тие училишта.
Делегацијата на турското Министерство за образование и Маариф фондацијат до сега посетија неколку земји во кои со надлежните колеги разговараа за активностите на ФЕТО структурата, а меѓу посетените земји се Пакистан, Авганистан и Сомалија.
По тие посети покренати се постапки за преземање на контролата над ФЕТО структурите и поврзаните образовни установи. И функционерите на Ирак искажаа подготвеност за соработка со Турција и предавање на контролата над тие училишта.
Делегацијата на турското Министерство за образование и Маариф фондацијата во наредиот период ќе ги посетат и другите земји, а планирани се работи посети во Индија, Чад, Индонезија, Буркин Фасо, Нигер и Босна и Херцеговина.
Третата фаза на борбата против терористичката организација ФЕТО е процесот на испорачување на водачот на таа организација Фетула Ѓулен и другите челнови од земјите во кои тие престојуваат. Во тој контекст тесно соработуваат турското Министерство за надворешни работи и Министерството за правда. Веќе се испратени формални барања за испорачување на Ѓулен од САД и членовите на ФЕТО од различни земји.