Западните медиуми го занемаруваат крвавиот обид на терористичкатa организација ФЕТО за државен удар, кој претставуваше заканата за демократијата во Турција, и се обидуваат да го тривијализираат настанот, пренесува Anadolu Agency (AA).
По неуспешниот обид за пуч на 15 јули, од страна на терористичката организација ФЕТО, наместо информациите за судирите и обидот за пуч, западните медиуми дадоа текстови во кои го обвинуваат претседателот и Владата на Турција за „опасност од авторитаризам“.
Западните медиуми и нивните колумнисти не сакаа да најдат место во вестите за приказните за извршениот обидот за пуч и за моментите на бруталност кога стотици луѓе херојски загинаа. За западните медиуми, преземените мерки за отстранување од функциите и исклучувањето од работа, по спроведената истрага од страна на службите на Владата, претставува поголема закана за демократијата отколку обидот за државен удар.
Предводен од англискaта државна медиумска институција Би-би-си, англискиот печат уште од почетокот одбра обидот за државен удат во Турција да го прикаже како дел од демократска дебата. Англискиот печат во своите написи продолжи да ја занемарува поврзаноста на Фетулах Ѓулен со пучот во Турција. И во моментите кога се увиде дека обидот за државен удар нема да биде успешен, Би-би-си продолжи да дава вести прикажувајќи го пучот како успешен и под насловот „Што доведе до пучот?“, каде што даде листа на политичките дебати во Турција што се случиле во последните неколку години.
Англиската телевизија обидот за пуч го прикажа како „природна политичка последица“. Би-би-си во насловните вести што во саботата ги даде на својата интернет-страница го прикажа своето пристрасно гледиште. Оставајќи го во втор план обидот за пуч, преземените мерки на апсењата во војската и судството ги опиша како „ликвидација“.
Насловот придружен со два портрета го откри ставот на Би-би-си за пренасочување на тежиштето. Додека во текстот за творецот на пучот, Фетулах Ѓулен, избран е насловот „Кој е Фетулах Ѓулен“, во текстот во кој како цел на воениот пуч е прикажан претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, избран е наслов „Ердоган – безмилосен претседател“.
Во текстот за Ѓулен, во кој доминираат содржини за „здравствени проблеми“ и „едноставен живот“, можеше да се забележи дека нема место за неговите рекордни 40 години на чело на заедницата, неговата материјална моќ и сторените кривични дела. Би-би-си го претставува Ѓулен како „верски човек кого го следат милиони луѓе“. И весникот „Гардијан“, познат како „либерален демократ“ во англискиот печат, обидот за пуч врз Владата и претседателот на Турција, кои се избрани на демократски начин на јавни избори, е прикажан како „детаљ“ од природата.
„Гардијан“, како и Би-би-си, операциите насочени кон државните службеници поврзани со заедницата на Ѓулен избра да ги оквалификува како „ликвидација“. Граѓаните кои им се спротиставија на пучистите, весникот што го занемари обидот за пуч ги опиша како „поддржувачи на власта“. Во „анализата“ дадена во вчерашното издание на „Гардијан“ се наведува дека започнало да се распаѓа единството меѓу опозицијата и владата. За обидот за пуч, во кој животот го загубија 240 лица и беа ранети повеќе од илјада лица, меѓу кои има и тешко повредени, англискиот весник „Гардијан“ даде наслов „Крваво и угнетувачки по пучот“, сакајќи да посочи дена во периодот по пучот ќе се изгуби владеењето на правото.
Во статијата предност им беше дадена на „суровите“ напади кон сите што имаат антиердогански и антивладини гледишта, додека настрана беше ставен крвавиот бунт на пучистите против цивилите. Во истиот весник, во една друга вест, лидерот Фетулах Ѓулен тврдел дека обидот за државниот удар бил организиран од страна на Владата. Весникот „Тајмс“ избра наслов „Подржувачи на Ердоган“ за граѓаните кои застанаа наспроти пучистите.
„Тајмс“ во понеделничниот текст, занемарувајќи го обидот за државен пуч го обвини претседателот Ердоган дека ‘отвори пат кон апсолутната моќ’. Во веста се наведува дека „турската армија била последното силно место на опозицијата“, со што се сака да се озакони обидот за пуч. Во анализата на „Тајмс“, потпишана од Едвард Лукас, тој отиде уште понапред и во статијата вели: „Неуспешниот обид за пуч во Турција не успеа да ја спаси демократијата во Турција. Не ја гледам“. Лукас, кој не го крие незадоволството од неуспехот на пучот, за односите со Турција напиша дека треба да се продолжи со реална политика.
Лукас истакна дека по неуспехот на пучот, Турција ќе им ги отежне работите на Западот и додаде дека „договорањето со Ердоган сега ќе се претвори во кошмар“. Весникот „Фајненшл тајмс“ смета дека могу повеќе од обидот за државен удар, внимание привлекуваат безбедносните операции што следуваат. Во вчерашната вест на „Фајненшл тајмс“ се тврди дека се загрижени гласачите што не го дале својот глас за Ердоган.
„Фајненшл тајмс“ во својата вест користеше дел од лажните информации што беа ширени преку социјалните мрежи за време на пучот, без да ја преиспита нивната веродостојност, и цитира еден турски граѓанин, кој исплашен од пучот „не сакал да излезе подалеку од Етилер“. Се добива впечаток дека англискиот печат се обидува дискусиите во Турција за смртната казна да им ги претстави на читателите како одлука по која ќе биде извршена смртна казна врз десетици илјади лица. Бројката на приведени и разрешени лица вработени во војската и во судството се поврзува со одлуката за враќање на смртната казна.
Весникот „Индепендент“, кој го игнорира спротивставувањето на народот на пучистите и нивното излегување пред тенковите во име на демократијата, објави статија под наслов „Пуч во Турција: Теорија на заговор, обидот за пуч е подготвен од страна на Ердоган“.
Американскиот „Фокс њуз“ на својата интернет-страница објави статија на Ралф Питерс под наслов „Згасна и последната надеж за Турција“, во која се вели дека воениот удар бил последна можност за запирање на исламизацијата на Турција и единствена придобивка на западните лидери кои настојуваат да го осудат обидот за пуч во Турција е „отровен исламски режим кој застанал пред вратите на Европа“.
- Беше игнориран отпорот на народот -
Весникот „Њујорк тајмс“ во статијата на Тим Аранго и Џејлан Јегинсу, под наслов „Ердоган се справи со обидот со пуч, но судбината на Турција е сѐ уште неизвесна“, тврдат дека „претседателот Ердоган со исламистите што излегоа на улиците го спречи пучот, но периодот којшто следи ќе го искористи за елиминирање на своите противници“, игнорирајќи го фактот дека народот во сите делови на Турција и од сите политички партии им се спротивстави на пучистите.
Англискиот весник „Дејли телеграф“ во статијата под наслов „Обидот за пуч во Турција“ го бранеше ставот дека претседателот на Турција Ердоган ја измислил тезата дека светските лидери се организатори на пучот за да извршат притисок врз него. Во веста се обвинува претседателот Ердоган дека ја искористил можноста за добивање сила и за вршење притисок.
Лондонскиот неделник „Економист“ во статијата под наслов „Неуспешниот обид за државен удар во Турција на претседателот му даде можности за поголема сила“, вели дека заедно со неуспешниот обид за пуч се создала можност за зголемување на авторитетот на Ердоган. Заедно со поддржувачите на Ердоган, и групи од опозицијата застанаа против обидот за пуч, но во веста се наведува дека групите од опозицијата се загрижени од можноста Ердоган да заземе одмазднички став кон нив.
- Портрет на Ердоган во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“
Германскиот весник „Дие велт“ исто така го игнорира крвавиот напад врз цивилите во обидот за пуч, и за преземените мерки кон пучистите и нивните поддржувачи, своите читатели ги информираше со текст под наслов „Ердоган со полна брзина започнува да прави чистка“. Во веста под наслов „Моќниот човек Ердоган“, која го опишува портретот на Ердоган, во весникот „Алман франфуртер алгемајне“ се вели дека Ердоган движејќи се кон врвот, не бил победен од сериозните напади, претседателот Ердоган успеал својот борбен дух да го пренесе на улиците.
Реинер Херман во својата статијата го истакна фактот дека Ердоган во првите моменти од пучот, јавувајќи се преку телефон, ги повикал своите приврзаници да излезат против пучистите. Херман, во својата вест наведува дека Западот спротивно на своите продемократски ставови, го бранел ставот дека воениот удар е единствената сила што што може да го запре Ердоган. Од друга страна, американскиот весник „Дејли бист“ (The Daily Beast), за време на обидот за државен удар објави вест: „Ердоган замина. Не се знае местото каде што се наоѓа турскиот претседател Ердоган“.
Дури и беа објавени вести дека Ердоган побарал азил во Германија. Но подоцна, доколку се кликнеше на линкот за веста, можеше да се види дека содржината од веста била избришана.
news_share_descriptionsubscription_contact


