?????
06 Ноември 2015•Ажурирај: 06 Ноември 2015
Турската крајбрежна стража спаси 255 бегалци во четвртокот покрај западниот брегот на земјата, изјави војската во петок. Единаесет бегалци се пронајдени однесени од струите во чамец на надувување близу брегот на градот Чешме, додека други 35 се спасени во близина на Тургутреис, Мугла.
64 лица се спасени покрај градот Дидим, Ајдин, изјавија турските власти. Останатите 145 лица се спасени во близина на брегот на градот Ајвачик, Чанаккале, додадоа властите.
Четирите покраини Измир, Мугла, Ајдин и Чанаккале – кои „гледаат“ кон грчките острови во Егејското и Средоземното Море – се примарни места на мигрантите за напуштање на Турција кон ЕУ.
Оваа година најмалку 3.138 бегалци ги изгубија животите преминувајќи го Средоземното Море, според Меѓународната Организација за Миграција. Според Агенцијата за бегалци при ОН, вкупниот број на пристигнати досега, во 2015 година, во Европа преку Медитеранот изнесува над 643.000 луѓе.