?????
06 Ноември 2015•Ажурирај: 08 Ноември 2015
Турција, Бугарија и Грција се подготвени да работат на решавање на нерегуларната имиграција како дел од проектот подготвен од страна на Меѓународната Организација за Миграција (IOM).
"Преставници на трите земји ќе се сретнат да разговараат за можна соработка како дел од проектот „Регионална гранична соработка и менаџирање помеѓу Турција, Грција и Бугарија“, изјави претставник на IOM.
Емра Ѓулер, проект- претставник на IOM во Турција, изјави за Anadolu Agency дека проектот, со буџет од 1.8 милиони евра, ќе трае осумнаесет месеци.
„Размената на информации меѓу соседите во врска со нерегуларната имиграција е многу битна. Доколку трите држави работат независно едни од други, тоа влијае и на илегалните мигранти како и на бегалците“, рече Ѓулер.
Ѓулер додаде дека проектот ќе ја спречи нерегуларната миграција преку размената на информации помеѓу трите земји.
„Размената на информации помеѓу трите земји денес е многу подобра од пред две, три години, додаде тој.
Граѓанската војна во Сирија зеде над 250.000 животи од 2011 година и ја направи земјата најголем извор на бегалци и раселени лица.
Околу 3.9 милиони Сиријци станаа бегалци а најмалку 7.6 милиони се внатрешно раселени, според податоците на ОН.
Соседната Турција во моментот е земја, најголем вдомител на бегалците во светот, со над 2 милиони сириски бегалци.
Според агенцијата за помош на ОН, околу 13.5 милиони луѓе во Сирија сега имаат потреба од хуманитарна помош или одреден вид заштита.