Vesna Besiç
24 Јуни 2017•Ажурирај: 24 Јуни 2017
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се состана денес во Белград со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој престојува во Белград како специјалниот пратеник на германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Двајцата соговорници разговараа за геополитичката состојба, економските реформи во Србија и европските интеграции на Западен Балкан.
Вучиќ се заблагодари на Шредер за присуството на свеченоста, велејќи дека со праќањето на така висок претставник, Германија го покажува својот интерес како за Србија така и за целиот регион.
„Многу е важно, Германија како водечка земја на ЕУ, да ја поддржува интеграцијата на земјите во Западен Балкан во европското семејство”, истакна Вучиќ.
Двајцата соговорници се согласија дека е неопходно да се работи на јакнење на економските врски на земјите на регионот, бидејќи само економски силните земји го поседуваат политичкото значење и моќ.
Шредер изјави дека е многу значајно присуството на сите лидери од регионот вчера во Белград, бидејќи тоа е сигнал дека со јакнењето на политчките и економските врски ќе биде можно да се одржи стабилноста на Западен Балкан.
На состанокот присуствуваше и амбасадорот на Сојузната Република Германија во Белград, Аксел Дитман.