Zülfiya Yakup
28 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
ПРИЗРЕН (AA) - Амбасадорката на Турција во Косово, Кивилиџим Килич го осуди нападот на зградата на Генералштабот на конзултатот на Република Турција во Призрен, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорката Килич во обраќањето на медиумите во просториите на Конзулатот изјави дека на објектот се разбиени неколку стакла, но дека за среќа немало повредени лица.
Нападот е извршен со молотов коктел и се случи рано утрово.
„Станува збор за настан кој не требаше да се случи и самиот факт што се случи на Косово и она што нас уште повеќе ни пречи, затоа што сме две пријателски и братски земји. И тоа не смееме да го заборавиме, односите на двете земји се одлични во сите области. Можно е да постојат околности кои сакаат да ги загрозат тие односи, но тој чин ние го гледаме како изолиран", рече амбасадорката.
Таа се заблагодари на институциите и на функционерите на Косово кои веднаш по настанот интервенирале. Таа наведе дека веднаш по тој акт разоварала со министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, кој остро го осудил тој напад. Килич истакна дека ова можело да се случи во било која земја на светот.
Ваквите акти и напади не можат да ги загрозат односите помеѓу двете земји. Нашите односи се историски и длабоки. Односите меѓу двата народа се силни и длабоки", порача амбасадорката Килич.
Во текот на обраќањето на медиумите таа ја искористи приликата и да го честита 28. ноември - Денот на албанското знаме. Таа истакна дека општината Призрен по повод тој празник поставила знамиња на различни земји, но дека се случил и напад на турското знаме. Килич го осуди остранувањето на турското знаме.
Конзулот на Турција во Призрен Селен Евчит на медиумите им пренесе дека се уапсени пет лица за нападот на Конзулатот. Евчит рече дека истрагата продолжува и дека уапсените во наредните два дена ќе излезат пред судот.
Ние ќе продолжиме да го следиме развојот на овој настан. Ќе се информираме за секоја новост и истовремено ќе преземеме мерки за зголемување на безбедноста", истакна таа.
Нападот го осуди Министерството за надворешни работи на Косово, Владата на Косово и претседателот Хашим Тачи.