Zülfiya Yakup
28 Ноември 2016•Ажурирај: 28 Ноември 2016
ПРИЗРЕН (AA) - Полицијата на Косово уапси пет лица во врска со нападот на Генералниот Конзулат на Турција во Призрен, соопшти главниот обвинител во Призпрен Силе Хоџа, јавува Anadolu Agency (AA).
Главниот обвинителвоизјава за Anadolu Agency (AA) рече дека утрово во четири часот на Конзулатот е фрлена течност за која се смета дека е молотов гас. Тој додаде дека тоа брзо ќе биде утврдено.
Сите полициски екипи, заедно со мене, како обвинител, излегоа на местото на настанот. Дадовме упатства за истрагата. Форензиката ја направи својата работа. Во меѓувреме, благодарејќи на сериозното ангажирање на Косово уапсени се пет лица, тие се испрашани и задржани. Истрагата и понатаму е во тек", рече Хоџа.
Според зборовите на обвинителот Хоџа, во нападот на Конзулатот на Турција нема повредени, но е забележана мала штета, разбиено е едно стакло на Конзулатот.
Истовремено, Министерството за надворешни работи на Турција остро го осуди нападот на Генералниот Конзулат на Република Турција во Призрен, оценувајќи дека тоа е вандалски чин на неодговорни лица кои се против демократска и повеќеетничка држава Косово.
Министерството за надворешни работи ја пофали Полицијата на Косово за професионалната работа и приведувањето на неодговорните лица кои го извршиле тој чин.