Bojana Stojanovic
01 Мај 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
БЕЛГРАД (AA) - Претставниците на опозициските партии во Срвија денес пред Собранието во Белград од 18 часот кога стапува во сила забраната за движење, протестира поради воведување на вонредната состојба во земјата поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), оценувајќи го како „противуставно понижување на сите граѓани", јавува Агенција Анадолија (АА).
Членовите на опозициските партии - Сојузот за Србија, Движењето на слободни граѓани, Социјалдемократската партија, седнаа на скалите пред зградата на Собранието на Србија во знак на протест поради „понижување на граѓаните", иако во 18 часот стапи забраната за движење.
Пред собранието, од друга страна, се собраа и повозрасните граѓани на кои им е дозволено движењето во текот на полицискиот час, а кои негодуваа поради овој соби, но протестот беше мирен.
Лидерот на Сојузот за Србија Драган Ѓилас изјави дека денес протестира против сите „бесмислени и ригидни мерки".
„Драги господа, Србија е земја која има најголем број заразени во регионот во однос на милион жители. Тоа е 50 отсто повеќе од Словенија и Грција, двојно повеќе од Хрватска и Босна и Херцеговина", рече Ѓилас.
Според него, опозицијата се собрала да го крене гласот против насилството и апсењата на луѓето, како и против сите кои се приведуваат и држат во притвор по 20 дена.
„Поради тоа сме денес тука, затоа што ја сакаме оваа земја и сакаме од неа да направиме подобро место за живот", додаде тој.
„Ние сме тука да покажеме дека не се согласуваме на тоа да бидеме граѓани од втор ред, а граѓаните од втор ред сме сите ние кои не сме припадници или приврзаници на владејачката партија", рече претседателот на Демократската партија Зоран Лутовац.
Според неговите зборови, опозицијата се собрала во 18 часот, бидејќи со тоа сакаат да го свртат „вниманието на јавноста дека е недозволиво во време на забрана за движење хулиганите и политичките активисти да можат да се движат, во време на забрана за движење да се води политичка кампања".
Претседателот на опозициското Движење за пресврт Јанко Веселиновиќ рече дека денешниот протест е одржан поради тоа што „режимот (на претседателот на Србија) Александар Вучиќ противуставно ги затворил граѓаните", но дека протестираат и поради она што синоќа се случувало во Србија.
„Синоќа навивачките групи, функционерите на Српската напредна странка, ја запалија искрата која може ситуацијата во Србија да ја насочи во погрешен правец, за кој нитуеден од овие луѓе кои седат тука не сака да се случи. Се чини дека некои други, од друга страна, таа искра ја потпалуваат", рече тој коментирајќи го синоќешното палење на факелот на крововите на зградите во Белград.
Тој рече и дека опозицијата се собрала да се обиде да укаже „дека Србија е голем затвор и дека власта сите граѓани ги понижила со тоа што противуставно ги затворила".
Сергеј Трифуновиќ од Движењето на слободните граѓани наведе дека се протестира против тоталиризмот и потсети дека опозицијата ги повикала граѓаните да останат дома.
Бошко Обрадовиќ од „Двери" рече дека опозицијата се собрала, бидејќи претставниците на опозицијата, иако со различни ставови, свесни се дека мора да се соберат за одбрана на правата на граѓаните, кои се загрозени.
Протестот е завршен со аплауз во знак на поддршка на здравствените работници во траење од 5 минути, а потоа со свирежи против власта.