Zlatan Kapiç
24 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
САРАЕВО (АА) - Судот во Босна и Херцеговина во кривичниот предмет против обвинетиот Сретко Павиќ, по одржаниот главен претрес, денес ја донесе првостепената пресуда со која обвинетиот е прогласен за виновен за злосторства против човештвото за време на војната во Босна и Херцеговина, пренеусва Anadolu Agency (AA).
Како што беше соопштено од Судот, обвинетиот Сретко Павиќ е прогласен за виновен поради тоа што за време на војната во Босна и Херцеговина, во рамките на опсежен и систематски напад против несрпските цивили во општината Приједор, во периодот од јуни 1992 до септември 1992 година, знаејќи за таквиот напад и знаејќи дека неговите постапки се дел од тој напад, спротивно на правилата на меѓународното право, извршил прогон на цивилното население од бошњачка националност поради нивната национална и верска припадност и тоа со убиство.
Павиќ бил припадник на Воларската чета, која беше во составот на Шестиот љубијски баталјон на 43. приједорска моторизирана бригада на Војската на Република Српска.
Судот на обвинетиот Сретко Павиќ му изрече затворска казна во траење од 13 години.