Ekipa
27 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
СОФИЈА (АА) – На вчерашните предвремени парламентарни избори во Бугарија, пет политички партии го надминаа прагот од 4 отсто и добија можност да влезат во бугарскиот Парламент, јавува Anadolu Agency (AA).
Централната изборна комисија во утринските часови соопшти дека се избројани 95 отсто од гласовите.
Според неофицијалните резултати на изборите, на кои стапката на излезност изнесува 51 отсто, централната десничарска партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов, освои најголем број гласови, т.е. 32,55 отсто.
Бугарската социјалистичка партија (БСП), која е наследник на поранешната Комунистичка партија во земјата, со освоени 27,02 отсто од гласовите стана втора партија според политичката моќ во државата.
Коалицијата „Обединети патриоти“, која под еден покрив ги собра расистичките и екстремните националистички партии, освои 9,12 отсто од гласовите и стана трета партија.
„Движењето за права и слободи“ (НОН), кое во најголем дел се состои од Турци, ја задржа својата позиција во Парламентот со освоени 8,94 отсто од гласовите.
Партијата „Волја“ на Веселин Марешки, бизнисмен во нафтениот и фармацевтскиот сектор, освои 4,16 отсто од гласовите и се здоби со право на свои претставници во Парламентот.
Според неофицијалните резултати, ГЕРБ ќе има 96 пратеници во Парламентот составен од 240 пратенички места, БСП би имал 79, „Обединети патриоти“ 27, НОН 26, а пак „Волја“ 12 пратеници.
Сојузот ДОСТ, формиран од страна на партиите „Демократи за одговорност, слобода и толеранција“ (ДОСТ) и Народната партија за слобода и чест (НПСЧ), на овие избори освои 2,95 отсто од гласовите, така што не доби можност да влезе во Парламентот.
- Гласовите од странство -
Централната изборна комисија објави дека Партијата ГЕРБ од гласањата во странство освоила 24,67 отсто гласовите.
Сојузот ДОСТ во странство освоил 17,14 отсто од гласовите. Сојузот ДОСТ од гласањата во странство освои 22.000 гласови, додека НОН освои 11.000.
Партијата ДОСТ реагираше против донесената одлука од страна на Централната изборна комисија во врска со гласањето во странство, за тоа што гласачите се задолжени да пополнуваат декларација на бугарски јазик. Лидерот на партијата ДОСТ, Лутви Местан, истакна дека со ова се ограничуваат демократските права на граѓаните на Бугарија кои живеат во странство, и дека според уставот на Бугарија, сите граѓани имаат еднакви права.
Централната изборна комисија ќе ги објави официјалните резултати на 31 март.