Dejan Maksimoviç
24 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
САРАЕВО (АА) - Бојко Борисов премиер на Бугарија, ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина на 26 и 27 октомври, пренесува Andolu Agency (AA).
Денис Звиздиќ, претседател на Советот на министри на БиХ, и Борисов, на 27 октомври во Сараево ќе разговараат за можноста за подобрување на економската и регионалната соработка и за евроатланската интеграција на БиХ.
Планирано e да се потпише Договорот за изменување и дополнување на Спогодбата меѓу Владата на Република Бугарија и Советот на министри на БиХ, за меѓународен патен превоз на патници и стоки.
Премиерот Борисов, исто така, ќе се состане со претседателите и замениците на двата дома на Парламентарното собрание на БиХ, членовите на Претседателството на БиХ, а ќе го посети и бугарскиот контингент на ЕУФОР.