Fatjon Cuka
10 Јуни 2021•Ажурирај: 10 Јуни 2021
ТИРАНА
Во албанскиот главен град Тирана се одржува Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан, во чиј фокус е економијата и регионалната соработка, а меѓу учесниците е и премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, јавува Агенција Анадолија (АА).
На овој самит учествуваат еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархеји; премиерот на Албанија, Еди Рама; премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев; премиерот на Косово, Албин Курти; претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ; премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.
Во рамки на Самитот Рама оствари билатерална средба со Тегелтија.
На крајот на Самитот албанскиот премиер и еврокомесарот Вархеји ќе одржат заедничка прес-конференција.
Лидерите разговараат за соработката во областа на економијата, регионалната соработка, како и за аспектите на процесот за евроинтеграција.