Fatjon Cuka
06 Декември 2022•Ажурирај: 07 Декември 2022
ТИРАНА (АА) - Во Албанија денес се одржува Самитот Европска Унија (ЕУ) - Западен Балкан, прв од ваков вид во регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).
На самитот во албанскиот главен град Тирана присуствуваат лидерите на ЕУ како и лидерите од регионот, кои ќе дискутираат за различни прашања.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, на плоштадот „Италија“ ги пречека лидерите учесници на Самитот, додека пленарната седница во рамки на Самитот ќе продолжи во просториите на Палатата на конгресите.

Рама првин ги пречека лидерите од регионот, меѓу кои и премиерот на Северна Макеоднија, Димитар Ковачевски, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел.
Главните теми за кои ќе се дискутира на Самитот се справување со последиците од руската агресија врз Украина, интензивирање на политичкиот ангажман, зајакнување на безбедноста против надворешни интервенции, како и справување со предизвиците што ги носи емиграцијата, борбата против тероризмот и организираниот криминал.
По пленарните седници ќе се одржи прес-конференција на Рама, Фон дер Лајен и Мишел.