Zylfije Adem Jakupi
22 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште шест лица, додека евидентирани се 241 нови случаи, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека бројот на починати како последица на Ковид-19 се зголемила на 150. Во Лабораторијата за молекуларна микробиологија на Националниот институт тестирани се 419 примероци, од кои коронавирусот е потврден кај 241 лице.
Во последните 24 часа регистрирани се 143 излекувани пациенти, така што вкупниот број на оздравени е 3.369, додека активни се 2.762 случаи. Од почетокот на епидемијата во Косово тестирани се 32.375 сомнителни случаи, а присуството на вирусот е потврдено кај 6.286 лица.
Болничката служба на Универзитетскиот клинички центар на Косово објави дека во моментов се хоспитализирани 541 пациент, од кои 16 се на респиратори, 24 на уреди со CPAP апарати и 295 се на кислородна поддршка.