Zylfije Adem Jakupi
16 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
ПРИШТИНА
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, пристигна во тридневна посета на Косово, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од КФОР е соопштено дека Лајчак на воениот аеродром крај Приштина го дочекале шефицата на Канцеларијата на ЕУ во Косово, амбасадорката Наталија Апостолова и командантот на мисија КФОР која ја предводи НАТО, генерал-мајорот Микеле Ризи. НАТО продолжува да го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ.
Мирослав Лајчак како е соопштено од Претседателството на Косово, во 17 часот ќе се состане со претседателот на Косово, Хашим Тачи, а потоа следуваат и одвоени состаноци со претседателката на Собраниието на Косово, Вјоса Османи и премиерот Авдула Хоти.
Тачи денес изјави дека со Лајчак ќе се состане само доколку доаѓа со нешто конректно. Тој порача дека Лајчак мора да биде јасен во врска со либерализација на визитие и во третирање на Косово како независна и суверена држава.
Ова е прва посета на Лајчак откако е именуван за специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Приштина и Белград за нормализација на односите.