Husameddin Gina
26 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) објавени денес стапката на сиромаштија во 2017 година во Македонија изнесува 22,2 отсто или околу 460.300 илјади граѓани, односно речиси една четвртина од населението е сиромашно, пренесува Anadolu Agency (AA).
Податоците на ДЗС прикажуваат континуиран пораст на бројот на сиромашни. Имено во 2015 година оваа бројка изнесувала 445.200 лица или 21,5 отсто, додека во 2016 година 453.200 или искажано во проценти 21,9 отсто.
Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017 година е 20 отсто.
Според најфрекфентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,7 отсто.
Џиниевиот коефициент (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 32,5 отсто.