Furkan Abdula,Fatjon Cuka,Agim Sulaj
11 Март 2024•Ажурирај: 11 Март 2024
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Низ џамиите во балканските земји муслиманските верници го клањаа првиот терави-намаз по повод почетокот на месецот на постот Рамазан, јавува Анадолу.
Голем број верници во главните градови Скопје, Тирана и Приштина, но и во другите градови од регионот, се собраа во џамиите за терави-намаз.
Како и во сите други џамии во Северна Македонија, и Мустафа-пашината џамија во Скопје беше преполна од муслимански верници за терави-намазот.
Дел од верниците ја извршија молитвата во дворот на џамијата, откако внатрешноста беше исполнета.
И во соседна Албанија верниците ги извршија своите верски обреди, а во Тирана најпосетена џамија беше џамијата „Дине Хоџа“, каде што се собраа голем број верници.
Во Приштина, џамијата „Султан Мехмет Фатих“ беше централната џамија која ги собра повеќето муслимански верници.
Терави-намазот се клања секоја вечер за време на месецот Рамазан.
Рамазан е деветтиот месец од хиџретскиот календар кој муслиманите го поминуваат во пост од рано наутро до зајдисонце, настојувајќи да стекнат Божјо задоволство, морално прочистување и духовна сила.