Admir Fazlagikj
13 април 2018•Ажурирај: 13 април 2018
СКОПЈЕ (АА) - Денеска во Скопје во просториите на „Чифте амам" во Старата скопска чаршија, Интернационалниот Балкански Универзитет (ИБУ), организираше пригодна манифестација по повод отворање на изложба на слики и макети направени од студентите на овој универзитет, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата која е отворена денеска е организирана од студентите на Факултетот за уметност и дизајн и Департманот за архитектура при ИБУ.

Шест години по ред, студентите на ИБУ организираат изложба од ваков вид, а во рамките на оваа изложба, изложени се над 300 дела на студентите од Факултетот за уметност и дизајни и Департманот за архитектура.
Оваа изложба, за посетителите ќе биде отворена од денеска до 15 април, недела, во просториите на „Чифте амам".