Bojana Stojanovic
14 Април 2018•Ажурирај: 15 Април 2018
БЕЛГРАД (АА) – На 157-от вечен дерби помеѓу фудбалерите на Црвена Sвезда и Партизан дојде до тепачка помеѓу навивачите на двата клуба на западната трибина, поради што таа трибина е евакуирана, јавува Anadolu agency (AA).
Десетина минути од почетокот на второто полувреме, дојде до тепачка помеѓу навивачите на „црвено-белите" и навивачите на Партизан.
Навивачите кршеа столчиња, фрлаа факели, поради што западната трибина на стадионот „Рајко Митиќ" во Белград е евакуирана, а физички се нападнати и припадници на полицијата.
До тепачката дојде откако до таа трибина дојдоа неколку балони со црвено-бела боја, поради што навивачите на Партизан бурно реагираа, почнаа да шутираат столчиња и да фрлаат пиротехнички средства.
Навивачите на Партизан на јужната трибина пробаа да пробијат ограда која ги разделува од западот, но не успеаа. Мечот е продолжен по 10 минути пауза.